На денешен ден пред девет години на „Вембли“ Барселона на Пеп Гвардиола во финалето од Лигата на шампионите го победи Манчестер Јунајтед со 3:1 со головите на Педро, Меси и Виља, за Манчестер Јунајтед почесниот гол го постигна Вејн Руни.
На полниот „Вембли“ Манчестер Јунајтед и Англичаните се надеваат дека нивниот клуб после 2008 година повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, но Лео Меси не мислеше така. Аргентинецот го одигра еден од своите најдобри натпревари во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После почетниот притисок на Англичните на теренот постоеше само еден тим, Барселона.
Јунајтед во тој момент не беше ниту блиску до Каталонците, дури ни кога изедначи од единствениот удар во рамките од голот во првиот дел преку Руни. Јунајтед кој до финалето прими само четири гола и во 12 натпревари не знаеше за пораз немаше шанси против ваква Барселона.
„Никогаш не сум играл против подобар тим. Никој нас не не намачи како тие затоа не е срамота да се изгуби во Барселона, тие се најдобриот тим во овој момент. Никако не успеавме да го запреме Меси“, изјави Сер Алекс после натпреварот.