Дома Трансфер зона Германците и понатаму „оперираат“ во Франција, метата на Гвардиола станува „милионер“!

Германците и понатаму „оперираат“ во Франција, метата на Гвардиола станува „милионер“!

Младиот капитен на репрезентацијата на Франција до 18 години, Дан-Аксел Загаду ќе се пресели во екипата на Борусија Дортмунд.

Загаду пред два дена наполни 18 години, а за младата селекција на „петлите“ запиша повеќе од 30 настапи. Манчестер Сити и Гвардиола долго време го следеа неговиот развој, но управата на Борусија Дортмунд побрзо реагираше и го доведе во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој се смета за еден од најголемите таленти во Франција и најбаран млад дефанзивец во Европа, меѓутоа 1.95 сантиметри високиот Загаду ја избра Борусија Дортмунд.

„Со нетрпение чекам да заиграм за овој тим, полн со млади одлични играчи на легендарниот Вестфален и пред навивачите кои создаваат пеколна атмосфера. Убеден сум дека тука ќе созреам како голем фудбалер“, изјави Загаду.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…