Дома Фудбал Останато Се можело да биде поинаку: Анри сам се понудил на Јунајтед, Ферги го одбил

Се можело да биде поинаку: Анри сам се понудил на Јунајтед, Ферги го одбил

Тиери е Анри е голема легенда на Арсенал и за тоа не треба да се трошат многу зборови, но се можело да биде поинаку ако Сер Алекс Фергусон сакал да го доведе во Манчестер Јунајтед.

На почетоците на новиот век Арсенал и Манчестер Јунајтед беа најсилните тимови во Англија и нивното ривалство беше огромно, а во тоа време токму Анри беше прва ѕвезда на тимот на Венгер. Францускиот голгетер беше постојана закана за голот на Јунајтед во меѓусебните натпревари. Сега поранешниот телохранител на Фергусон, Нед Кели откри дека Анри сакал да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Нед Кели подоцна беше шеф на обезбедувањето на „Олд Трафорд“, додека на почетоците работеше како телохранител на Ферги. Тој откри дека Анри пред да се пресели во Арсенал сакал да го облече дресот на Јунајтед.

„По еден натпревар во Премиер лигата во тунелот ми заѕвони телефонот. Тоа беше постариот брат на Кантона, Жан Мари. Тој ми кажа: Нед, Тиери сака да дојде во Јунајтед кажи му на Фергусон. Ова секако беше пред да се пресели во Арсенал“.

„Нормално јас отидов кај шефот и му кажав што ми кажа Жан Мари Кантона. Меѓутоа Фергусон кратко ми одговори: Нема шанси да го земам, цело време е повреден. Така Арсенал ја искористи приликата и подоцна го доведе“, откри Кели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…