Тренерот на Барселона, Кике Сетиен е оптимист кога е во прашање продолжување на сезоната и успесите на неговиот тим.
Во ЛШ, Барса во првиот натпревар од осминафиналето ремизираше со Наполи (1:1), а Сетиен верува дека неговиот тим може да дојде до самата завршница на ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веруваме дека можеме да ја освоиме ЛШ. Мораме да подобриме некои работи, но без сомнение веруваме дека овој тим има потенцијал да ја освои ЛШ. Убеден сум во тоа.“ – вели Сетиен.
Првенството во Шпанија ќе биде продолжено на 8. јуни без присуство на навивачи.
Во Барса се надеваат дека можат и до титулата во првенството. Моментално имаат два бода предност пред Реал Мадрид.