Дома Фудбал Италија Поголем број на клубови од Италија ги започнаа групните тренинзи

Поголем број на клубови од Италија ги започнаа групните тренинзи

Откако го одобрија медицинскиот протокол, поголем број на клубови во Италија започнаа со групни тренинзи додека останатите ќе почекаат до понеделник.

Неколку верзии на медицински протокол беа одбиени, но на крајот сите се договорија да започнат со тренинзи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Удинесе со групни тренинзи започна денеска, а се придружија Интер, Милан, Наполи, Рома, Фиорентина, Сасуоло, Парма, Каљари, Аталанта, Торино, Џенова и Лече.

Тимовите кои се уште не почнале со групни тренинг сесии, туку тренираат со социјална дистанца се Јувентус Лацио, Верона, Бреша, Сампдорија, СПАЛ и Болоња.

Тие групните тренинзи ќе ги започнат од понеделник, бидејќи така одлучија нивните медицински тимови во согласност со стручните штабови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…