Jугословенската ракометна легенда и поранешен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ППД Загреб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Утрово големо изненадување беше објавата од Загреб за заминувањето на Вујовиќ со оглед на пријателството и довербата која владееше помеѓу двете страни.
Низ хрватските медиуми се шпекулира дека причината за заминувањето е финансиската криза која ја тресе Европа. Според информациите Загреб за наредната сезона ќе има многу помал буџет за плати, па тука дошло до несогласување.
Вујовиќ во Загреб пристигна шред осум месеци како замена за Бранко Тамше.