Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез е убеден дека Еден Азар може да ја освои Златната топка како играч на Реал Мадрид.
Азар во редовите на „кралевите“ пристигна минатото лето, но во својата прва сезона се мачеше со повреди, одигра само 15 натпревари, а поради скршеница надвор од терените е од февруари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, селекторот на Белгија е убеден дека 29 годишниот играч го чекаат успеси.
„Еден може да ја освои Златната тпка додека е во Реал Мадрид и во тоа не се сомневам“; изјави Мартинез.
„Некогаш е тешко кога ќе го промените клубот, потребно е време да сфатите дека играте за Реал Мадрид. Навивачите можат да бидат сигурни дека Азар ќе им донесе радост“, додаде селекторот на Белгија.
Играчите на Реал минатата недела се вратија на тренинзите после паузата која беше предизвикана поради пандемијата со коронавирусот.