Фудбалерот на Бреша, Марио Балотели на крајот од сезоната скоро сигурно ќе го напушти овој клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа наводно го потврдил неговиот агент Мино Раиола и открил со кои клубови води преговори.
Балотели минатото лето се врати во Италија и одигра добра сезона во Бреша, а сега изгледа повторно ќе игра надвор од Италија.
За неговите услуги најголем интерес покажеле две екипи, една од Бразил, а втората е од Турција. Станува збор за екипите на Васко Де Гама и Галатасарај.
Иако Балотели има договор со Бреша до 2022 тој ќе побарал трансфер и се очекува клубот да не му прави проблеми.
Во 19 натпревари за Бреша сзонава Балотели постигна пет голови.