Дома Трансфер зона Тешка повреда на миленикот на Зидан – дали пропадна трансферот во Реал!?

Тешка повреда на миленикот на Зидан – дали пропадна трансферот во Реал!?

Крилниот напаѓач на Челзи, Еден Азар, на тренингот на репрезентацијата на Белгија се здоби со потешка повреда.

Фудбалскиот сојуз на Белгија објави дека тестовите покажале дека Азар се здоби со фрактура на скочниот зглоб.


Еден од клучните играчи на англискиот првак Челзи ќе го пропушти пријателскиот меч на Белгија со Чешка, кој се игра во понеделник, односно квалификацискиот со Естонија, кој на програмата е в петок.

Засега не е познато колку повредата ќе го оддалечи од фудбалските терени, но се шпекулира дека тој би можел да отсуствува три месеци и да го пропушти стартот на првенството.

Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека оваа повреда може да ги поремети плановите на Реал Мадрид кој беше спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за да го донесе Белгиецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…