Дома Трансфер зона Ова е новата ѕвезда во Серија А: Милан и Наполи се „тепаат“ за неговиот потпис

Ова е новата ѕвезда во Серија А: Милан и Наполи се „тепаат“ за неговиот потпис

Жереми Бога игра фантастична сезонона во дресот на Сасуоло и го привлече вниманието на неколку италијански гиганти.

23-годишниот крилен напаѓач покажа дека е голем потенцијал и може да се развие во еден од најдобрите играчи во Серија А.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бога пристигна во Сасусоло од Челзи, па „сините“ од Лондон имаат можност да го вратат на „Стенфорд Бриџ“ за 16 милиони евра.

Последните информации се дека Челзи нема да ја искористи таквата опција, па италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Најсилен интерес за Бога покажуваат Милан и Наполи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори.

Бога оваа сезона има 25 настапи за Сасуоло на кои постигна 8 гола и запиша 4 асистенции, а неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…