Дома Топ вести ПСЖ сака да го „украде“ Пјаниќ пред носот на Барселона

ПСЖ сака да го „украде“ Пјаниќ пред носот на Барселона

Веќе неколку недели главна тема во медиумите е евентуалниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона.

Босанскиот плејмејкер наводно има договор со Каталонците, но Барса не може да најде заеднички јазик со Јувентус, а таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Еминентниот „Паризиен“ тврди дека ПСЖ сака да го „украде“ Пјаниќ пред носот на Барселона и да го донесе во Париз.

На Јувентус му е јасно дека тешко ќе добие 50 милиони евра за потписот на Пјаниќ, па поради тоа преговараше за трампа со Барселона.

Сега работите се променија бидејќи ПСЖ е спремен да ја плати таа сума бидејќи има потреба од квалитетен игра во средниот ред. „Светците“ веќе стапиле во контакт со менаџерот на Босанецот и му нудат повисока плата отколку Барселона.

ПСЖ лесно може да стигне до договор со Јувентус, а цената може да биде намалена ако дел од трансферот биде Леандро Паредес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…