Дома Фудбал Не успеа во Динамо Загреб, а сега потпишува за Реал Мадрид

Не успеа во Динамо Загреб, а сега потпишува за Реал Мадрид

Дефанзивецот на Лил, Габриел Магалхас игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

22-годишниот Габриел блесна во дресот на Лил и за неговиот потпис се заинтересирани најголемите англиски клубови, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Реал Мадрид.

Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.

Едер Милитао, кој пристигна за 50 милиони евра, не ги оправда очекувањата, па „кралскиот“ клуб бара нова алтернатива за Рафаел Варан и Серхио Рамос.

Моменталната цена на Габриел изнесува 30 милиони евра и нема да биде проблем за Реал Мадрид, но ќе треба да ја победат големата конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заедно имаат 128 години, но пенал-драмата им го одзеде финалето!

Фабио, Тијаго Силва и Хулк го одиграа целиот реванш, но Флуминенсе остана без финале во Ко…