РК Охрид имаше одлична сезона која предвреме заврши поради пандемијата со коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа раководството ќе се обиде да ги задржи играчите откако веќе стигна потврда дека тренерот Раде Стојановиќ останува на кормилото.
Денес клубот од Охрид потврди дека ги продолжил договорите со двајца важни играчи на уште една година, а тоа се голманот Никола Даниловски и бекот Мартин Манасков.
Двајцата ракометари се важен дел од екипата, па Охрид сигурно ќе има солидна екипа и ќе се бори за висок пласман.