Дома Фудбал Италија Лацио не го дава својот „архитект“, му нуди нов договор на Инзаги

Лацио не го дава својот „архитект“, му нуди нов договор на Инзаги

Лацио игра сезона од соништата и после многу години повторно се бори за Скудетото, а еден од најзаслужните за таквиот успех е секако тренерот Симоне Инзаги.

Инзаги се етаблираше во еден од најдобрите тренери во Серија А, па Лацио сака по секоја цена да го задржи на „Олимпико“ и му понуди нов, побогат договор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека двете страни договориле продолжување на соработката за нови три години, а Инзаги ќе добива 3 милиони евра по сезона.

44-годишниот стратег е на клупата на Лацио уште од април 2016. година. Тој успеа да го врати Лацио со врвот со одлична работа и освои вкупно три трофеи.

Лацио два пати го крена трофејот на Суперкупот на Италија и еднаш Купот на Италија, а оваа сезона е голема борба за титулата со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажна вест: Почина поранешен младинец на Јунајтед!

Манчестер јунајтед, откако ја извојува победата во напнатот дуел против Лион во четвртфина…