Ракометарките на Куманово денес се пријавија во Ракометната Федерација на Македонија за настап во женската Лига на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според ранкингот на ЕХФ Македонија има едно директно место во групната фаза, меѓутоа сепак ќе треба да се почека одлуката на ЕХФ во формирањето на групите.
Во Куманово имаат желба да го донесат елитниот ракомет пред гледачите, сепак да почекаме да видиме дали ќе добијат зелено светло.
Последен наш женски тим кој играше во Лигата на шампионите беше ЖРК Вардар пред две години.
Фото: ЖРК Куманово