Дома Трансфер зона Мурињо го сака капитенот на Саутемптон

Мурињо го сака капитенот на Саутемптон

Тотенхем покажува сериозен интерес за капитенот на Саутемптон и дански репрезентативец Емил Хојберг, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивниот играч за врска е профил кој му се допаѓа на Мурињо, тој има 24 години, а веќе има сериозно искуство во англискиот фудбал каде има одиграно 130 натпревари.

Хојберг пристигна на „Сејнт Мерис“ од Баерн Минхен за 13 милиони фунти во 2016 година и се етаблираше во клучен фудбалер на Саутемптон.

Саутемптон за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а покрај Тотенхем интерес за него покажува и Евертон.

Мурињо веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака што побрзо да се реализира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…