Дома Македонски спорт Мак ракомет Ова е Робин Кантегрел: Новиот голман на Вардар е ѕвер за зицери! (ВИДЕО)

Ова е Робин Кантегрел: Новиот голман на Вардар е ѕвер за зицери! (ВИДЕО)

Вчера вечерта во јавноста покрај веста за останувањето на Глеб Калараш беше објавено и дека Вардар го договорил францускиот голман Робин Кантегрeл.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Желбата на Вардар како и што пред некоја недела кажа самиот Алушовски беше Никола Митревски, меѓутоа црвено-црните изгледа не успеале во својата намера, па побарале друго решение, а тоа решение изгледа е Кантегрeл.

Кантегрeл го чуваше голот на Сесон Рен и не е многу познат на спортската јавност, меѓутоа далеку од тоа дека нема квалитет. На 18 натпревари за Сесон Рен 25 годишниот голман собрал 142 одбрани, што значи дека има просек од 7.89 по натпревар.

Со Кантегрeл Вардар и ќе ја комплетира голманската тројка која ќе ја сочинуваат уште Ристовски и Кизиќ.

Од видеата во кои се избрани неговите најдобри моменти можеме да заклучиме дека Кантегрел е одличен во бранењето зицери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампио…