Белгискиот репрезентативец изгледа донел одлука за продолжување на кариерата.
Иако изгледаше дека Мертенс е многу блиску до Интер откако медиумите во Италија пишуваа дека овој клуб му понудил договор на две години вреден 14 милиони евра, овој играч донел поинаква одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што објави „Спортиталија“ Мертенс донел одлука да остане во Наполи и се договорил со клубот за продолжување на соработката, наскоро се очекува да потпише нов договор, актуелниот му истекува на крајот на оваа сезона.
Според новиот договор Мертенс би заработувал четири милиони евра по сезона, плус бонуси кои се однесуваат на неговата игра и клупски резултати.
Сезонава Белгиецот одигра 29 натпревари за Наполи и постигна 12 голови, додаде и шест асистенции. Член на клубот Мертенс е веќе седум години кога дојде од ПСВ за 13 милиони евра.