Фудбалерите на Баерн денеска славеа на гостувањето кај Унион Берлин со 0:2, а еден погодок постигна Роберт Левандовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За него тоа беше 40. погодок оваа сезона во сите натпреварувања. Постигна 26 погодоци во Бундеслигата, 11 во ЛШ и три гола во Купот.
Откако го постигна денешниот погодок, тоа е гол кој означи дека за Левандовски ова е дури петта сезона во низа во која постигнал 40 погодоци.
Ова е одличен успех за фудбалерот на Баерн кој важи за еден од најдобрите напаѓачи на светот, а до крајот на сезоната бројот на постигнати погодоци со сигурност ќе се зголемува.