Дома Фудбал Останато „Салах ми кажа дека имал понуда од Реал Мадрид“

„Салах ми кажа дека имал понуда од Реал Мадрид“

salah

Името на Мохамед Салах во минатото повеќе пати се поврзуваше со Реал Мадрид, меѓутоа засега реализација на таков трансфер нема.

Сепак, помошникот селектор на Египет, Хани Рамзи во едно интевју тврди дека Салах уште во 2018 година имал понуда од Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога работев со Хектор Купер, имавме тренинг во Швајцарија во март 2018. Разговарав со Салах, а тој ми кажа дека Реал Мадрид му испратил понуда. Понудата била навистина добра, Салах разговараше со мене и Купер и одлучи да остане во Ливерпул“, откри Рамзи.

Истата година Салах играше финале во Лигата на шампионите против Реал, но доживеа повреда, а Ливерпул изгуби. Една година подоцна тој ја освои Лигата на шампионите откако „црвените“ во финалето го победија Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…