Продолжувањето на Бундеслигата, иако без публика, само не потсети колку многу ни недостасувал врвниот фудбал.
Видовме неколку одлични натпревари, а во центарот на вниманието секако беше Рурското дерби, каде Борусија Дортмунд му нанесе тежок пораз на Шалке.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Голеадата на „Сингл Идуна Парк“ ја отвори Ерлинг Халанд, кој го постигна првиот гол во Бундеслигата после рестартот и покажа дека ја задржал голгетерската форма. До крајот на полувремето Рафаел Гереро зголеми на 2:0.
Во второто полувреме „милионерите“ продолжија со добрата игра и после една контра во 50-та минута Азар постигна прекрасен гол за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Гереро после фантастична асистенција на Халанд.
На останатите натпревари Херта дојде до значајна победа на гости кај Хофенхајм (0:3), а Волфсбург го судиското продолжение дојде до три бида на гостувањето кај Аусбург (1:2).
Фортуна Дизелдорф и Падерборн одиграа меч без голови, додека најголемото изненадување го приреди Лајпциг кој се спасуваше од пораз на домашен терен против Фрајбург (1:1)