Дома Македонски спорт Мак ракомет Букурешт демантира: Тешеира НЕ потпишал за Металург

Букурешт демантира: Тешеира НЕ потпишал за Металург

Тимот на Металург денеска потврди дека бразилскиот интернационалец Енрике Тешеира е нов член на клубот.

Меѓутоа, неколку часа подоцна пристигна демант од Букурешт каде настапува 31-годишниот Бразилец.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Разговарав со Тешеира и му ветив дека следната седмица ќе имаме средба по која ќе се донесе одлуката и ќе знаеме што ќе правиме во иднина. Тешеира се уште не потпишал со Металург и тој се уште е ракометар на ЧСМ Букурешт“, изјави Кристијан Стамате,  член на управата на ЦСМ Букурешт.

Во овој период Металург работи со полна пареа, Тешеира требаше да биде четврто засилување. Пред него пристигнаа: Никола Потиќ, Момр Рниќ и Бранко Канкараш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…