Дома Трансфер зона Капитенот на Лацио пред трансфер во Милан

Капитенот на Лацио пред трансфер во Милан

Аргентинецот Лукас Биља ќе биде третото засилување за Милан ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако се очекуваше дека капитенот Лукас Биља ќе го продолжи договорот со Лацио, кој му истекува во јуни 2018 година, тој сепак реши да го напушти клубот.

Поради тоа Лацио ќе биде приморан да го продаде, а „Скај Италија“ пренесува дека веќе е постигнат договор со Милан. „Росонерите“ ќе платат 18 милиони евра веднаш плус 4 во име на бонуси.

Биља има 31 година, а со Милан ќе потпише тригодишен договор според кој ќе заработува 2,2 милиони евра по сезона.

Аргентинецот е третото засилување за Милан, откако претходно договори потпишаа Матео Мусакио од Виљареал и Франк Кеси од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…