Дома Фудбал Ова е планот на Милан: Германци ќе ја предводат новата револуција

Ова е планот на Милан: Германци ќе ја предводат новата револуција

Станува се појасно дека Милан ќе доживее сериозни промени ова лето.

Од зборовите „реконструкција“, „револуција“ или „реформа“ веројатно им е доста на навивачите Милан. Од година во година во Милан се најавуваат промени на подобро, но тие никако да дојдат.

Сега кога пропадна проектот со Звонимир Бобан и Паоло Малдини кои очигледно погрешија со изборот на тренери (Џампаоло, Пиоли) се спрема нов.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Ралф Рагник се договорил со „росонерите“, но дека тој ќе биде технички директор на клубот со целосно овластувања за трансферите, додека за тренер се најавува младиот Јулијан Нагелсман.

Германскиот стратег има само 32 години и веќе се прослави во Хофенхајм и Лајпциг и во главно тој би требало да ги спроведува во дела замислите на Рагник.

Рагник со Нагелсман ќе ја промени филозофијата на Милан и за очекување да гледаме поефикасен и подобар фудбал, но и играчки промени и далеку помлад кадар. Во главно револуционерно издание на Милан е пред нас по кој знае кој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…