Дома Фудбал Останато Брзо падна помирување – Киелини: Погрешив, Балотели: Ми заби нож во грб ама уште те сакам

Брзо падна помирување – Киелини: Погрешив, Балотели: Ми заби нож во грб ама уште те сакам

Џорџо Киелини му се извини на Марио Балотели поради критиките кои ги изнесе кон него во својата автобиографија.

Киелини бил незадоволен од тоа како Балотели се однесувал на Купот на конфедерации во 2013 години и додаде дека напаѓачот на Бреша е човек кој нема почит кон останатите соиграчи. Балотели брзо одговори преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека тој барем има храброст да каже на сите во лице што мисли.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера двајцата гостуваа во една емисија.

„Размислував што дали да ги сфатам критиките, но да не кажам ништо грдо. Тоа ми изгледаше неискрено. Ја превземам одговорноста, направив грешка“, изјави Џорџо.

„Иако ми заби нож во грбот уште те сакам“, со насмевка одговори Балотели.

„Ова е првпат да ти да погрешиш, а не ја. Искрено не очекував ти да кажеш такво нешто. Јас не сум негативен човек, секогаш се шегувам“, додаде популарниот „Супер Марио“.

На крајот Киелини вети дека на поранешниот соиграч oд репрезентацијата ќе му испрати примерок од книгата со негов потпис. Балотели пак го советуваше да ги искине страниците на кои пишува лошо за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…