Дома Топ вести Њукасл спрема богата понуда и го враќа Бејл во Премиер лигата

Њукасл спрема богата понуда и го враќа Бејл во Премиер лигата

Реал Мадрид веќе две години се обидува да се „ослободи“ од Герет Бејл, но Велшанецот не сака да ги намали астрономските приходи кои ги има на „Сантиаго Бернабеу“.

Бејл не е повеќе во плановите на Зидан, но ниту еден клуб од Европа не е спремен да му понуди плата од 17 милиони евра, па поради тоа Велшанецот остана во Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите на Островот тврдат дека ова лето Герет Бејл може да се врати во Премиер лигата, но не во дресот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, клубови со кои се поврзуваше во минатото.

Имено, новите богати сопственици на Њукасл ова лето сакаат да направат силен тим, имаат огромен буџет за засилувања и нема да жалаат пари да го донесат Велшанецот на „Сент Џејмс Парк“.

Њукасл е спремен да ми понуди 4-годишен договор со плата од 17 милиони евра по сезона, а Реал за неговата слобода нема да бара повеќе од 20 милиони евра.

Медиумите на Островот се оптимисти дека Бејл ќе ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…