Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, е одлучен во намерата да ги задржи во тимот Месут Озил и Алексис Санчез.
Поради тоа што наредната сезона Арсенал нема да се натпреварува во Лигата на шампионите би можел да остане без своите најдобри фудбалери, но Венгер тврди дека ќе направи се за да го задржи тимот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Озил и Санчез ќе останат, се надевам дека во текот на летото ќе ги продолжиме договорите со нив. Не смееме да дозволиме тие да заминат. Секогаш сакате да го засилите тимот. Освен ако играчите сакаат да го напуштат клуб. Но, јас верувам дека во овој момент не сме на пат кон такво сценарио. Фокусирани сме на тимот и негово засилување“, изјави Венгер.