Дома Фудбал Останато Срамота: Пола навивачи на Звезда не знаат кој тренер им ја донел светската титула! (ФОТО)

Срамота: Пола навивачи на Звезда не знаат кој тренер им ја донел светската титула! (ФОТО)

Црвена Звезда во својата историја има трофеи кои вечно ќе се паметат, европската титула освоена на 29. мај во Бари и светската до која стигнаа на 8. декември во Токио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега една анкета направена од Твитер страната на Звезда ја зачуди спортската јавноста во оваа земја. Скоро половина од оние кои гласале во анкетата не знаат кој е тренерот кој Звезда ја однел од светската титула.

Имено, Љупко Петровиќ ја водеше Звезда во која играа нашите Панчев и Најдоски. Тимот на Петровиќ стана европски шампион во 1991 во Бари, а потоа тимот во Токио го превзема Владица Поповиќ.

Анкетата гласеше кој го водел тимот во Токио во 1991 година?

Бројките се навистина изненадувачки за секој вистински фан на Звезда. Дури 40.8% гласале за Петровиќ, Шекуларац и Пижон добиле по 3%, додека за Поповиќ кој е точен одговор гласеле 53.1%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…