Кон почетокот на 90-тите Алекс Фергусон по секоја цена сакаше еден човек и на крајот успеа во својата намера.
После импресивните натпревари во дресот на Лидс, Ерик Кантона се пресели во Манчестер Јунајтед и во наредните години беше најдобар играч на екипата која почна да доминира во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кантона беше вистински велемајстор на фудбалската игра иако многумина го паметат по неговиот кунг фу удар кога нападна еден навивач на Кристал Палас во јануари 1995 година.
Легендарниот Французин на Инстаграм потсети на дел од магијата и ударот кој го имаше. Во кошула и тренерка 53 годишниот Кантона се намести на волеј и постигна ефектен гол.