Раководството на Манчестер Јунајтед се откажа од намерата да го ангажира Џејдон Санчо ова лето, пренесува „Мирор“.
Ѕвездата на Борусија Дортмун е на врвот на листата желби на Солкјер и до неодамна медиумите тврдеа дека „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори за негов ангажман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, поради финансиските загуби од пандемијата, Манчестер Јунајтед ги промени плановите и реши да не го ангажира Санчо ова лето.
Борусија Дортмунд за неговата слобода бара најмалку 100 милиони фунти и не е финансиски приморана да го продаде ова лето, па не сака да ја намали цената.
Англискиот клуб нема да може да си дозволи големи трошоци заради негативното влијание на ситуацијата со коронавирусот и смета дека 100 милиони фунти се премногу во моментов за еден играч.
За Санчо интерес покажуваат и други европски гиганти, но поради финансиската ситуација тешко дека некој ова лето ќе ја плати бараната сума од Борусија Дортмунд.
Manchester United are now likely to delay their move for Jadon Sancho until 2021 due to the financial impact of coronavirus, according to the Mirror ? pic.twitter.com/yx2Qe5NmME
— Goal (@goal) May 6, 2020