Барселона вчера ги направи тестирањата на Ковид-19 кои во Шпанија се задолжителни пред сезоната да продолжи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од фотографиите кои беа направени од фудбалерите на Барселона најголемо внимание привлече онаа на Луис Суарез. Суарез носеше маица во која навистина изгледаше како да има вишок килограми.
По објавувањето на таа фотографија започна исмејување на Уругваецот на социјалните мрежи.
Суарез не остана без одговор на критиките. Неговата сопруга Софија Балби објави видео на Инстаграм на кое се гледа дека Уругваецот во топ форма. Видеото подоцна на својот Инстаграм го проследи и Суарез.
