Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир потврди дека финалето во Лигата на шампионите дефинитивно ќе се игра во Инстанбул и во август, сепак не прецизираше точен датум.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Финалето во најелитното клупско натпреварување во Европа требаше да се одржи во мај, меѓутоа тоа се одложи поради коронавирусот. Турската лига пак треба да започне на 12. јуни и да заврши на 26. јули.
„Се надеваме дека се најдобро ќе заврши со нашите лиги до крајот на јули. Ќе ги поделиме пехарите освени на терен, а сезоната ќе ја завршиме така што ќе бидеме домаќини на финалето во ЛШ во август“, изјави Оздемир.
