Дома Фудбал Иниеста на денешен ден пред 11 години ги скрши срцата на навивачите на Челзи (ВИДЕО)

Иниеста на денешен ден пред 11 години ги скрши срцата на навивачите на Челзи (ВИДЕО)

Aндрес Иниеста во неговата кариера постигна голем број важни голови, но некои од нив посебно се издвојуваат.

Иниеста во 2010 година во финалето на Мундијалот против Холандија со својот гол на Шпанија и ја донесе светската титула, но покрај тоа има уште еден гол кој ретко кој го заборавил.

Имено, на денешен ден пред 11 години Барселона играше во Лондон во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи. „Сините“ имаа 1:0 и резултат кој ги води во финалето, но тогаш во последните секунди Иниеста постигна гол со кој им ги сруши соништата на навивачите и играчите на Челзи.

Барселона се пласираше во финалето и таму го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 и стана шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…