Дома Фудбал Официјално: Властите дадоа „зелено светло“, познато кога продолжува Бундеслигата

Официјално: Властите дадоа „зелено светло“, познато кога продолжува Бундеслигата

Властите во Германија официјално дадоа дозвола за продолжување на сезоната во сите германски лиги.

Според тамошните медиуми тоа најверојатно ќе се случи во втората половина на месец мај. Федерација утре треба да го одреди конечниот датум, а тоа ќе биде 15. или 22 мај.

Бундеслигата ќе биде првото од Топ 5 првенствата кое ќе започне после памденијата, а натпреварите до крајот на сезоната ќе се играат без публика.

До крајот на Бундеслигата остануваат уште 9 кола, како и три меча во Купот на Германија. Ако се оди според планот сезоната може да заврши најкасно до почетокот на јули.

„Одлуката за продолжување на сезоната ќе има последици во секој случај. Ова ќе влијае и на аматерски и младински тимови, како и на другите спортови покрај фудбалот. Сите европски земји, целиот свет ќе гледаат пример во нас. За нас, ова е неверојатна одговорност, мора да го запомниме ова. Мора да разбереме дека нешто што се случува сега е многу важно. Фудбалерите се дел од општеството во улога на модели“, истакна Мануел Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…