Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за плановите на тимот на трансфер пазарот.
Артета потенцираше дека ја знае големината на Арсенал и дека нема потреба да убедува никого бидејќи многу фудбалери сакаат да дојдат на „Емирати“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знаете што значи Арсенал за целиот свет. Секој сака да дојде овде, и многу јасно знаемее кои сме. Не треба да ги убедувам играчите да играат за Арсенал. Ако тоа е потребно, тогаш за мене ова не е добар почеток. Играчите треба да сакаат да играат за овој клуб и тоа да го прават со емоција“, истакна Артета.
Арсенал во последните години не покажува добри резултати, па се шпекулира дека ѕвездите сакаат да го напуштат клубот.
„Истото важи и за играчите кои се веќе во клубот. Треба да имаат емоции додека го носат овој дрес. Ние сигурно нема да молиме никого“, заклучи шпанскиот менаџер.