Дома Трансфер зона Ова се двата кандидати кои би можеле да го заменат Тухел во Дортмунд

Ова се двата кандидати кои би можеле да го заменат Тухел во Дортмунд

Борусија Дортмунд пред неколку дена се заблагодари на досегашната соработка со менаџерот, Томас Тухел и сега се во потрага по нов менаџер кој ќе го превземе кормилото на германскиот гигант.

Тухел минатата сезона не ги постигна резултатите кои управата ги очекуваше, а германските медиуми како прв кандидат за неговото место го гледаат тренерот на Ница, Лусиен Фавре.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, последните извештаи велат дека Ница не сака ниту да слушне за овој трансфер, па така Петер Штогер и Петер Бош остануваат во конкуренцијата за клупата на „Милионерите“. Прв до местото е менаџерот на Келн, а втор менаџерот на Ајакс, но вреди да се истакне дека двајцата зад себе имаат добра сезона.

На кого ќе падне изборот, останува да видиме во следниве дена. Во суштина, клубот мора многу брзо да избере нов менаџер кој ќе биде со играчите од почетокот на подготовките за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…