Дома Македонски спорт Мак ракомет Сериозно засилување во Автокоманда: Поранешен играч на Рајн Некар Левен потпиша за Металург!

Сериозно засилување во Автокоманда: Поранешен играч на Рајн Некар Левен потпиша за Металург!

Тимот на Металург не се шегува и во Автокоманда се сериозни во намерата да создадат тим со кој ќе можат да парираат на Вардар и Еурофарм Пелистер. Од Металург го потврдија ангажманот на Момир Рниќ.

Рниќ е искусен 32 годишен ракометар кој во кариерата го носеше дресот на Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Левен. Со Металург потпиша договор на една година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека беше во Гепинген и Мелсунген две години по ред беше меѓу најдобрите 10 стрелци во Бундес лигата, додека со репрезентацијата на Србија стигна до сребрен медал на ЕП 2012.

Според информациите и најавите Рниќ е дел од планот на раководството на Металург за ростерот да се засили со уште неколку квалитетни ракометари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…