Дома Тенис Кога и каде ќе се игра УС Опен?

Кога и каде ќе се игра УС Опен?

Пред неколку дена, американската тениска асоцијација објави дека УС Опен ќе се игра нормално, кон крајот на август и почетокот на септември во Њујорк.

Сепак, директорот на федерацијата, Мајкл Даус вчера изјави дека една од опциите е да се премести турнирот во Индијана Велс во ноември.

„Оваа опција ја имаме на располагање ако работите со коронавирусот не се подобрат. Се е подобро од откажување“, изјави Даус.

Гренд слем турнирот УС Опен е предвидено да започне со квалификации на 24 август, а со оглед на тоа што Њујорк е жариште на коронавирус, сигурно е дека ќе се игра без гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…