Дома Фудбал Останато Eвра се потсети на тешкото детство: Морав да просам пред супермаркет

Eвра се потсети на тешкото детство: Морав да просам пред супермаркет

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра се потсети на своето детство кое било прилично тешко, па дури бил приморан и да проси.

„Ќе бидам искрен, имав навистина тешко детство. Имав многу браќа и сестри и не беше лесно да се живее. Бев во Париз на улица, понекогаш немавме пари за храна. Не се плашам да кажам дека просев пред продавница. Бев пред супермаркетот и кога ќе видев некој му барав пари. Некои даваа, некои не“, се присети Евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Истакна дека тоа многу му помогнало во иднина. Вредно работел за да стекне се што има денес.

„Секогаш бев среќен и тогаш. Тоа ме изгради како човек. Многу научив на улицата, тие моменти ме направија посилен“, раскажа Евра.

Евра кариерата ја заврши во Вест Хем, настапуваше уште за Јувентус,  Монако, Марсеј…За репрезентацијата на Франција забележа 81 настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…