Дома Фудбал Останато Рагник потврди дека преговарал со Милан, но Германецот има и свои услови

Рагник потврди дека преговарал со Милан, но Германецот има и свои услови

Ралф Рагник на големо се споменува како наследник на Пиоли во Милан. Сепак, дури сега Германецот призна дека контакти имало, меѓутоа тој имал свои услови за да дојде на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Да, имаше контакти, но во ова време некои други работи се приоритет. Не ме интересираат толку парите колку влијанието кое ќе го имам. Не е тоа исто што и моќ, но во одредени ситуации моќта е потребна за работите да се променат“, изјави Рагник.

Германецот потоа се потсети како изгледал Лајпциг кога дошол во клубот.

„Кога дојдов Лајпциг немаше физиотерапевт, лекар и тренер, а пред нас беше самиот поечток на сезоната. Потребно беше да се донесе брза одлука. За пет часа ги пополнивме празните позиции. Сега каде и да одам да работам барам да ми се овозможи да носам брзи одлуки како тогаш“, потенцираше германскиот стратег.

Денес со него Лајпциг е редовен учесник во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Колина објасни зошто ѝ беше поништен голот на Германија

Германија испадна од Светското првенство откако во продолженијата на натпреварот од шеснае…