Дома Фудбал Италија Боатенг: Рибери има големо срце

Боатенг: Рибери има големо срце

Кевин-Принс Боатенг и Франк Рибери на залезот од своите кариери го носат дресот на Фиорентина.

Боатенг (33) се пресели во Фиорентина претходната сезона на позајмица од Барселона, а потоа италијанскиот клуб го откупи неговиот договор. Набрзо беше испратен на позајмица во Бешикташ, но само после пет настапи за турскиот тим, се појави пандемијата коронавирус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот фудбалер имаше прилика во Фиренца да го запознае Франк Рибери (37), против кој и претходно играше.

„Не сум видел никој друг како се грижи за другите луѓе како Франк Рибери.Има неверојатен карактер и огромно срце.“ – изјави Боатенг.

Во оваа сезона Рибери одигра 11 натпревари во Серија А и има два гола со две асистенции. Французинот пристигна во Фиорентина после десет години член на минхенски Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…