Дома Фудбал Пике се потсети на големата победа, Касиљас го „закопа“

Пике се потсети на големата победа, Касиљас го „закопа“

На денешен ден пред 11 години Барселона оствари незаборавна победа на Сантијаго Бернабеу. Реал Мадрид беше понижен со резултат 2:6.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тогаш дресот на Барса како и денеска го носеше Пике. Дефанзивецот беше и стрелец на еден од головите. Тој во 82. минута го матираше Касиљас и го постави конечниот резултат.

Пике на големиот триумф се потсети на Твитер. Годишницата ја прослави со објава од својот погодок и напиша: „11 години!“ Меѓутоа, Касиљас не остана должен.

Легендарниот голман на Кралевите на Пике му одговори со порака „11+2=13“, алудирајќи на 13. освоени титули на Реал Мадрид во ЛШ. Бројка со која не може да се пофали ниту еден европски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бастони под истрага поради детска проституција

Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесанд…