Дома Топ вести „Франс Фудбал“ тврди: Мане го напушта Ливерпул

„Франс Фудбал“ тврди: Мане го напушта Ливерпул

Интересот на Реал Мадрид за ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е силен и „кралевите“ ова лето ќе направат сериозен обид да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Мане во тандем со Мохамед Салах и Роберто Фирмино стана страв и трепет за многу екипи, меѓутоа наскоро Сенегалецот би можел да го напушти „Енфилд“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ објави дека Ливерпул би можел да го продаде Мане за 150 милиони евра и тоа во Реал Мадрид, кој веќе долго време е заинтересиран за неговите услуги.

Мане во неколку наврати истакна дека одлично се чувствува во Ливерпул, но Реал Мадрид едноставно не може да се одбие.

„Франс Фудбал“ е еден од најеминентните спортски медиуми, кој ретко греши кога се трансферите во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…