Дома Фудбал Останато Мурињо за „Марка“: Ми недостасува фудбалот, јас сум уникатен тренер

Мурињо за „Марка“: Ми недостасува фудбалот, јас сум уникатен тренер

Жозе Мурињо даде опширно интервју за „Марка“ во кое зборуваше за деновите кога беше на кормилото на Реал Мадрид, но сега откако фудбалот е прекинат.

„Вистина е дека овие денови сум дома како никогаш до сега. Гледам фудбал, се обидувам да учам од други тимови и тренери, но ми недостасува фудбал“, истакна Мурињо и објасни зошто се смета себе си за „уникатен“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Моја основна цел беше да победам во Италија, Англија и Шпанија, јас сум единствен тренер кој успеал во тоа, затоа сум уникатен“, истакна Португалецот и се присети на најтешкиот момент во кариерата.

„Со Реал Мадрид  освоивме 100 бода во Ла Лига во сезоната 2011/12, доминиравме но  во Европа немавме успех. Загубивме од Баерн Минхен во полуфиналето на пенали во Лигата на шампионите, со Аитор Каранка во мојот автомобил плачевме како мали деца, едноставно не можев да издржам“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…