Шпанскиот стратег Унаи Емери веќе некое време е без работа откако кон крајот на минатата година доби отказ во Арсенал.
Емери одлучи да земе одмор до крајот на оваа сезона и најави дека многу брзо може да се врати на тренерската работа. Додека е на одмор тој е чест гостин во шпанските медиуми каде што зборува за неговата досегашна кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот стратег имаше голема шанса да се докаже и во ПСЖ, но тоа изостана. Сигурно дека најшокантниот пораз во неговата кариера е реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите во 2017 година. Тогаш ПСЖ во првиот натпревар на свој терен ја победи Барса со 4:0 и сите веќе ги гледаа како победници од твој двомеч.
Меѓутоа во реваншот Барселона славеше со 6:1. Иако во финишот беше 3:1 каталонскиот клуб за десетина минути успеа да постигне уште три гола и така да приреди вистинска сензација. Ова враќање е и најголемо во историјата на ова натпреварување.
Емери сега зборуваше за овој натпревар и одговори на прашањето што би променил ако има можност.
„Постојат многу детали кои го одлучија тој натпревар. Единствената работа која би ја променил е судијата. Ја гледав снимката од тој натпревар неодамна и забележав дека направи некои големи грешки. При резултат 3:1 не ни беше досуден чист пенал, а потоа го досуди тој пенал за Барселона“.
„Суарез вршеше притисок врз судијата цел натпревар и тој на крајот падна во неговата замка. И јас грешев сигурно. Имав играч кој не можеше да го даде максимумот затоа што беше повреден, требаше да го заменам. Сепак, сега е доцна за било што, можеме само да зборуваме“, изјави Емери.