Во последниот период се појавија многу шпекулации дека Лео Меси може да го напушти Барселона.
Најдобриот фудбалер на светот целата досегашна кариера ја помина во дресот на каталонскиот клуб, но преговорите околу нов договор не одат онака како што се очекуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси има договор уште една година и поради тоа се поголеми шпекулациите дека ќе ја напушти Барса. Аргентинецот се поврзува со трансфер во Манчестер Сити, но според многумина е тешко да се очекува дека ќе ја напушти Барса.
Исто милси и Серхио Агуеро кој признава дека би сакал да игра со Меси во Сити, но е свесен дека скоро невозможно е да се случи такво нешто.
„Лео е симбол и легенда на Барселона. Знам дека во фудбалот се е можно, но не верувам дека ќе ја напушти Барселона бидејќи тоа е неговиот дом. Би сакал да дојде во Сити и да играме заедно, но и самиот знам дека тоа тешко ќе се случи.“ – изјави Агуеро.