Дома Трансфер зона Готово: Барса купи десен бек од 50 милиони!

Готово: Барса купи десен бек од 50 милиони!

Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, Барселона го договорила трансферот на десниот бек на Бенфика, Нелсон Самедо.

Како што пренесува овој извор Бефика бара дури 50 милиони евра за својот 23-годишен дефанзивец, но Барса веќе има договор со играчот па ќе се обиде да ја намали цената.


„Миндо Депортиво“ истовремено пренесува дека Хектор Белерин бил прва мета на раководството, но десниот бек изразил желба да остане во Арсенал.

Доколку Барселона плати 50 милиони евра, Семедо ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на Бенфика, бидејќи Давид Луиз и Аксел Витсел се платени 10 милиони помалку.

„А Бола“ тврди дека двата клуба се многу блиску до договор и дека трансферот најверојатно ќе изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…