Дома Трансфер зона Велверде и Барса го договорија првото засилување, пристигнува од Бенфика?!

Велверде и Барса го договорија првото засилување, пристигнува од Бенфика?!

Португалските медиуми тврдат дека Барселона има огромна желба да го доведе бекот на Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува португалската „А Бола“, Барса постигнала договор со бекот на Бенфика, Нелсон Семедо.

Според овој извор, Бенфика бара дури 50 милиони евра за 23 годишниот фудбалер. Прва мета на каталонците беше Хектор Белерин од Арсенал, но управите на двата клуба не успеаа да пронајдат заеднички јазик.

„А Бола“ тврди дека договорот е на повидок, а ќе видиме дали Барса ќе плати 50 милиони или пак ќе успее да ја намали сумата.

Доколку Барса плати 50 милиони, Семедо ќе биде најскапиот платен фудбалер во историјат на Бенфика, бидејќи за Давид Луиз и Аксел Витсел португалците добија 10 милиони помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…