Дома Трансфер зона Алиоски станува соиграч со поранешниот репрезентативен голман на Англија?

Алиоски станува соиграч со поранешниот репрезентативен голман на Англија?

Поранешниот англиски репрезентативец, Џо Харт наскоро би можел да пронајде нов клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Харт, кој денес има 33 години ќе биде слободен агент на лето и ќе побара нов клуб.

Порталот „Фудбал Инсајдер“ пренесува дека засега најсериозен кандидат за негово доведување е  тимот во кој настапува македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски, Лидс.

Лидс е лидер во Чемпионшип и ако сезоната продолжи веројатно ќе нема проблем да се пласира во друштвото на најдобрите. Клубот може да остане без првиот чувар на мрежата Кико Касиља, а Харт би требало да дојде како негова замена.

Поранешниот голман на Манчестер Сити наводно е спремен и да ја намали платата за да потпише за Лидс.

Инаку, во овој момент Харт е член на Барнли за кој настапува од летото 2018 година, сезонава го изгуби местото во стартниот тим и во целата сезона настапи само на три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…