Шпанскиот голман Давид Де Геа има намера уште долго време да остане член на Манчестер Јунајтед.
Судбината во случајот на Де Геа е прилично чудна. Тој во последните минути од преодниот рок во 2015 година беше на чекор од потпис со Реал Мадрид, но тој трансфер пропадна само затоаш то документацијата во Мадрид стигна неколку минути по истекот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тогаш поминаа пет години, Де Геа се уште е на „Олд Трафорд“ и сега сака да остане уште долго.
„Самиот факт дека сум член на овој клуб е неверојатен. Замислете десет години сум тука, тоа е како сон. Одлично е да се играат натпревари во овој дрес, се надевам дека ќе останам уште многу години“.
Ќе потсетиме, тој минатиот септември потпиша нов договор кој за клубот го врза до 2023 година.
Јунајтед не ја започна добро сезоната, но во последните недели пред паузата поради пандемијата играше се подобро.
„Мислам дека целиот тим многу напредуваше. На добар пат сме. Очекувам кога се ќе се среди да бидеме во топ форма“, порача шпанскиот голман.